пропаѓа несв.

пропаѓа (несв.)

Одвај ја досигнав, зашто ми пропаѓаа нозете во јорганите и перниците од креветот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во исто време Турците ја имаат Либија под власт на отоманската Порта и пропаѓа во вазалската кнезовска Србија обидот за донесување на прогресивен Устав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата пропаѓала под неговите пиралки во опинци од кожа на диво свинче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговото алчно срце пукаше од мака при помислата дека маслинките пропаѓаат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чувствувам како се кине и пропаѓа сѐ во мене...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не ми е сосема јасно дали пропаѓам или паѓам, ама гледам дека главата на пониско ми слегува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се гледаше низ тревата, но нозете им шлапкаа и им пропаѓаше речиси целата стапалка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Целиот јужно американски континент сѐ уште живее во времето на жртвувањето на царствата кои пропаднале со доаѓањето на Шпанците и Португалците и кои никогаш нема да престанат со своето пропаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие сметале дека пропаѓањето на занаетчиството и трговијата, чифлигарството и ограбувањето на селаните, со еден збор сите неволји од било каков карактер, се должат на фактот дека земјата се наоѓала под османското владеење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По малку го запирам коњот, оти нозете му пропаѓаат во земјата, преполнета со вода и со снег.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа дијалектичкиот материјализам е единствена напредна филозофија на денешнината, додека сите варијации на идеализмот потем Хегел се само идеологија на општествените слоеви што пропаѓаат.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
И тогаш тргнав да пропаѓам. Небаре низ облаци. Се најдов дури другиот ден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одиме и паѓаме во завеаните дупки, до гуша пропаѓаме во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велиш сум вулгарен, точно така е но вистината морам во лице да ја плеснам таа за тебе е непознаница тешка пропаѓај курво ја изгуби честа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еден куп академски шалабајзери кои вешто манипулираат со зборот и секогаш „имаат” решение за сите проблеми, а покрај тоа државата и понатаму пропаѓа во провалија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во Македонија, ни рече, од многу војска и од многу тепање, ќе почне да пропаѓа земјата и ќе излезат големи води и се ќе потопат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе