пропишти (св.)
Преку ноќ биле обесени црниот просјак и крадец Циганот Рамо и православниот арамија Невенко од кого пропиштело сѐ живо, некрстено и крстено.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пропиштеа, проплакаа и се зачипчија за децата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И куршум екна – пропиште онаа песна проклета. Стојана в гради погоди, смртна му рана отвори, замина, „оф!“ не испушти сред младост бујна, јунашка.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
„Немаше тој ни дечиња ни мачиња. Арамииште, ти реков. Многумина од него пропиштеа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)