просветител (м.)

Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Професори главни просветители на младата нација. –продолжи таа –Ги подигаме, мораме да мислиме како: Психолошки правилно да ги насочиме, да го поднесуваме нивниот бучен темперамент и што ли уште не.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Просветниот кадар, за да им докаже на сесловенските просветители (кои биле од македонска народност, како што пред некој ден нѐ информира една телевизија) колку ги цени, организираше журка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Ти, чедо на вашиот просветител Климента, не ги знаеш буквите?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веројатно затоа Светите солунски браќа Кирил и Методиј па и нивниот претходник големиот македонски и сесловенски просветител, историчар и поет Трп Руен, и големиот македонски и сесловенски просветител, научник, преведувач и основач на Охридскиот Универзитет Климент Охридски, ги користеле како извор ( птототип) за составување на средновековните македонски азбуки: руеницата, глаголицата и кирилицата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Па сепак, пред споменатата криза, Ренан и Фистел де Куланж го делеа презирот на германските историчари кон наивната антропологија на просветителите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од народен просветител стана извршна власт.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеш ли ти јас кој сум? Моето име е Кирил, како на светецот наш просветител што ни ја даде азбуката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Својот сон не го оствари повторно со Скендер бег за поетска слава, но просветител на народот свој стана.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)