протега несв.

протега (несв.)

Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Преку улицата се протегаше кејот на кој беа наредени четири мамутски тополи посадени уште од османското време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во купето владееше пријатна топлина која уморниот патник го тера на протегање и дремка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дрвјата се протегале како лузни во лилавото сивило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со копачи ги испокинавме жиците што се протегаа од ѕидот зад неа и ја поеја со струја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Под селцето растат големи столетни дабови, а над селцето се протега голема букова гора.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бил загатлив дивјак со куси нозе, црнките во очните глобови му биле иглести, на преширокиот врат му се протегале остри брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Младите и оние на твои години се протегаат на туѓина, ама во себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Социјализмот, теорија што се појави во почетокот на деветнаесеттиот век и претставуваше последна алка во синџирот на мислења што се протегаше назад сѐ до бунтовите на робовите во Античко време, сѐ уште беше сериозно заразен од утопизмот на минатите времиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шијата му се протегаа брчки: можеби навистина многупати и се бесел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве ти уште еден пример. Си видел ли некогаш месечина околу која се протега кружно виножито, кружен спектар од бои во различни слоеви светлина?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Песот адамосано се влечел по нејзината сенка - на запад се протегала белина; малку време пред тоа таквите заоди ветувале јасник и волчи завивања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Целиот процес изгледаше како да се протега бескрајно долго - со недели, можеби - а паузите меѓу сесиите траеја понекогаш со денови, понекогаш само еден или два часа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Широкиот асфалтиран пат, дело на нашите од градежното претпритјатие „Гранит“ се протега долж тесната клисура на чии падини како печурки се начичкани бетонски бункери со сиви капаци, остаток од недамнешно време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мојата несигурност се протегаше и на таа страна: Дали се работеше за нејзина цврстина и несебична поддршка, или се работеше за тоа, откога и таа ќе дојде во Маказар, конечно тука да завршат нашите повремени меѓусебни растргнувања што се јавуваа во последно време?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе