противречност ж.

противречност (ж.)

Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можев точно да проникнам во оваа противречност, чиј сведок бев, сега, низ телото и душата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Добро, не велам дека сите ние не сме во некоја мерка противречни, но кај него противречноста беше претенциозна и предизвика големи последици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И сите можни балкански противречности, разликите од верски, од етнички и од друг карактер, кои кај други и наоколу можеа да предизвикаат раздор, судири, омраза, нетрпеливост, на нејзиното спокојно и мирно лице, особено во нејзината благородна душа, се помируваа, се смируваа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последно прибежиште, извор на енергија за премостување на сите противречности ќе најде во својата библиотека, во распоредот на своите книги, во менталниот поредок на нивните значења.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Келн под мостот на Рајна има свои привлечнисти, зашто овде многумина се собираат, за разонода и забава со герлите, кои овде се среќаваат на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку и да се сметаа револуциите резултат на борбата на противречностите, тие, според Татко, завршуваа метафизички.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поистоветен со Едното, како политичка пракса и државен амблем на таа своја состојба, со поразот на тоа Едно губи целиот народ - БИДЕЈЌИ НЕ ДОЗВОЛИЛ ПОЛИТИЧКО КОНСТИТУИРАЊЕ НА СВОИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОТИВРЕЧНОСТИ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најчесто дипломатите во малата земја во која служат стануваат еден вид мало семејство, без оглед на геостратегиските противречности на различните земји во мисиите на многумина од нив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко ми се плашеше од противречностите на Отоманското царство, коишто толку добро ги познаваше и разбираше, да не продолжат и во новото време – времето на социјализмот, на комунизмот, под плаштот на тоталитаризмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стравот од противречноста, од внатрешниот раздор и судир којшто доминира со хрватската политика и култура, е израз на историска незрелост и симптом на конституциска слабост на хрватското општество. Маргина 35 11
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во својот живот таа мораше да се соочи со сите противречности на балканската историја, од верска, од етничка, од јазична, од традициска, но и од секаква друга природа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Има, навистина, голема доза од наивност и несфатлива противречност во верата што ги насочуваше бомбите на гемиџиите предимно против Европејците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Невротичниот пациент, којшто на некој начин се определил за еротското тело наспроти автоматската активност на своето соматско тело, или подобро речено, којшто одлучил да допушти тоа соматско тело да функционира единствено во корист на неговото еротско тело, често има тегоби поради постојаните противречности меѓу инстинктивните сили и нагонскиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе