прстен (м.)
Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ја отвори едната дланка и ми подаде сребрен прстен со голем зелен камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако се противиш и сосе прст ќе ти го земат прстенот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Логотетот гледаше во чудното писмо на прстенот и се чешкаше по тилот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Отидов да ви купам прстен во знак на извинување.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Ете гледаш, чедо мое, зошто пречесен отец Стефан не можел да го реши записот од прстенот на логотетот, иако во ука мошне вешт е и надарен: затоа што за него словата сочинети се од зборови, а за мене од гласови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Местото се вика Превалот и нужно тера да застанеш и да погледнеш долу каде во прстенот на околните планини се легнати двете преспански езера.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тешкиот златен прстен на раката на човекот со лузна блесна низ воздухот, ударот пукна, а девојката за малку ќе паднеше на подот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Еднаш ми има речено дека нејзин број бил три и дека затоа носи девет прстени.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потоа, токму како што посакував, го извади оној нејзин сребрен прстен со голем зеленикав камен од показалецот и го стави мојот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Засветеа прстените на отворено сонце... Кралот се женеше со преубава мома од вичен сој!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Венчалните прстени секогаш му стоеја во џебот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Каменот на тешкиот прстен беше згусната капка на моите зелени соништа од ноќта пред тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тајната за чудниот продавач со модар прстен на малото прсте од левата рака, не им ја кажав на моите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По еден час, госпоѓата со дванаесет обетки само на едното уво и прстени на сите прсти, па дури и на палецот од ногата, се претстави како цариничка на границата со Бугарија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Овој прстен носи среќа, љубов и напредок.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Приказната е магнетот, чија невидлива сила врзува за себе ланец прстења - јас сум само еден од нив...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)