прудолу прил.
удолу прил.

прудолу (прил.)

И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вее вејавица и завива ко бура, налудничаво се спушта прудолу и се крши од ѕидот на столетните борови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од пушкарницата гледа како бегаат прудолу владините војници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еленчињата се наведнале прудолуглава и туркаат назадгазум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Садриазамот, наеднаш и страшно, извика Илјери и во истиот миг на врвот на јатаганот го крена лебот од тарунот во рацете на старецот, го сврти коњот во полукруг и го бодна спрема прудолу, спрема Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Прудолу бегаат владините војници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека му се случуваше тоа, пропаѓањето во живиот песок, и тоа, изгубеното око во боевите, му плачеше, од под црната преврска прудолу по лицето се тркалаа крупни солзи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што беше удрено од Бога, остана на полето, што беше фатено од далгите беше однесено прудолу.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Легнат на носилка, две жени, во одминати години, цела ноќ го носат прудолу...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И уште се потсети Фимка на жената, која пред неа го тераше коњот со ранетиот командант, на кој му велеше: - Има мајка, синко - велеше жената и во нејзините зборови истовремено со тивкото тропање на коњските копита одзвучуваше и шушкањето на опинците по планинската правлива патека што змиулесто се спушта прудолу по голата удолнина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Спуштајќи се прудолу по падините со себе ја исполнуваа Драмчејци, мала и осојничава заветрина, потоа искачувајќи се, по северните падини на Црн Камен, полека и скалесто, го досегнува сртот на источниот лак и продолжувајќи по него во северна насока во расчекор го фаќа Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттаму од гората прудолу по падините на ридовите и низ полето и врз Имотот и врз сета Поткивица се истура студена тишина во која, им се чини, освен нив тројцата, утките под стреите и бувот на Камен никој друг и ништо друго не живее, не дише.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога го превалија ридот и се спуштија прудолу, наидоа на надојдена суводолица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Ти гледај малку прудолу, му велам, опули се и пред себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Каде? Прудолу... Гласот ѝ секна. Со раката замавна пред очи и по подолго молчење, прошепоти: - Големо лошо и страшна несреќа ги снајде...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знам колку време помина кога повторно нечујно се отвори вратата на ќелијата и од неа бесшумно се извлече Рибоокиот и се спушти прудолу, барајќи ме со погледот во одајата со игуменот и пријателите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе