псевдоним м.

псевдоним (м.)

Во неколку наврати нескриено и тенденциозно ни се префрлаше дека не ги потпишуваме своите текстови и дека се криеме зад таму некакви си псевдоними.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Албанскиот полиграф ќе соработува во книжевното списание на Аполинер „Гозбата на Езоп” под псевдоним и на француски јазик, во духот и стилот на тогашните европски авангардни автори, вложувајќи го другиот дел на својата личност во написи под вистинското име во прилог на албанската преродба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На почетокот не можев да верувам дека шифрантот имаше свој псевдоним преку кој можеше да го шпиунира амбасадорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тука не се пропушта, се разбира, да се спомене и балканската гордост, Фаик Коница, кој под псевдонимот Транк Спироберг, се вклучува во европската полемика со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција, има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мотивацијата за избор на псевдоним или на друго име најчесто произлегува од профилираноста на самата работа со која дотичниот уметник се занимава, односно во центарот секогаш е артистичкото дејствување кое го насочува и влијае на неговиот избор обликувајќи се во името како проектирана слика на самата личност и нејзината уметничка активност: Banana Queen, Texas Postal Art King, Art Tart, итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Механизмот на создавање псевдоним кај филмските старови е поедноставен и побизарен, бидејќи името се менува поради неговата зачестеност, тешкиот изговор или дури поради ортографските „неподобности”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако уметничките псевдоними отсекогаш ме интересираат, морам да признаам дека за псевдонимот на Marcel Duchamp дознав прилично доцна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Големо сполај ти за главниот и одговорен уредник на ЕГО Симе Алушевски, чија што идеја се псевдонимот Мирко и Славко и насловот на колумната.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
— Тебе, вели, ти го знам и псевдонимот што ти го даде Озна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеше да ја разбере врската помеѓу јаничарството во книгата на Леон Каин, личноста на Транк Спироберг и псевдонимот што Фаик Коница ќе го употреби во една меѓународна европска полемика за избор на универзален јазик за сите, наспроти моќта на секој природен јазик со милениумска или вековна традиција да служи како најдобар меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, ако сега би морал да ти ги набројам сите негови псевдоними тоа би било можно само со внимателна анализа на сите негови испратници, што е огромна и непотребна работа. Dr. Ackerman од ден на ден ги менува псевдонимите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во полемиката Фаик Коница постојано го употребувал псевдонимот Транк Спироберг, не само за да го затскрие парцијалниот интерес на својот албански јазик туку и за да влезе во рамноправна полемика со тогашни француски лингвисти со меѓународен авторитет какви што биле д-р Фруктје, приврзаник на есперантото, д-р Фово де Курмел, приврзаник на синиот јазик, Жак Тасе, застапник на тезата латинскиот да биде одреден за меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа дали господин Mutt (псевдонимот на Дишан за таа прилика) ја направил „Фонтаната“ со сопствени раце или не, не е важно. Тој ја ИЗБРАЛ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во меѓувреме, доле во Тексас, еден писател кој се вика Брус Стерлинг веќе издал фанзин (типично строго постмодерен медиум) наречен „Евтина Вистина”; сите текстови беа потпишани со псевдоними, и сите заедно твореа групи за „герилни напади” врз СФ-от.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
122. Георги Баласчев (1869-1936) од Охрид е историчар и публицист, познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на ММКД, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за „лозарското” движење „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци…” (Софија, 1890).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, познато е дека во 1915. Duchamp со псевдонимот R. Mutt сигнираше една клозетска школка - типичен продукт на индустријата на санитарни уреди, произведена во фирмата Mutt.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе