психопат (м.)
- странските негативци (читај: терористи) се Руси и други екстремни Словени, по некој Германец, Арапин и жолторас, а домашните се поединечни психопати, оптоварени од трауматичното детство; - двојниците на странските политичари – Горбачов со бемка на челото, Садам Хусеин, папата или Далај Лама се омилени епизодисти во пародиите и комедиите; - на крајот од филмот, странскиот криминалец експлодира со стариот дворец (странски), храмот (странски, древен) итн.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Чикатило (заедно со George Bush) не само што му зададе последен удар на комунизмот, туку внесе нов, политички аспект во софистицираната американска канибалистика на „тивките јагненца“ и „американските психопати“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)