развиен (прид.)

Очигледно, психоделичната музика комуницира со звучни симболични пораки коишто можат да ги разберат само личности кои самите доживуваат идентични или слични промени на состојбата на свеста, или пак, личности кои имаат природно развиен т.н. психоделичен сензибилитет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние сме во такво развиено опкружување со кое мора да се вклопиме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Националниот сепаратизам: земјиштето на кое се има развиено и ќе се развива за напред На првото заседание на Бугарското студентско друштво во Петроград од оваа година јас реков неколку збора за резултатите од сегашното востание во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пиљарот е силен и висок човек со развиени мускули од боди-билдинг вежбите со кои веќе долго се занимава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Карактеристично за велешкото стопанство било мошне развиеното лозарство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Чанга имаше насобрано и други информации од развиените северни и неразвиените средни и јужни републики за судбината на козите и на козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
14. “Владиното соопштение” изјавува оти руската влада ќе ги бара за Македонија оние реформи што се изработени во месец февруари од Зиновјев15 и Каличе16 и оти тие реформи се само почетокот и ќе бидат развиени понатаму сообразно со нуждите на жителството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тука од векови бил развиен занаетчискиот цех на тантеларите. Тој примат и денес го држи во свои раце.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Компјутерската обработка и преработка на фотографии и видеоснимки е веќе толку развиена, што не може да се утврди дали снимките биле ретуширани или не, а тоа буди сомневања во врска со автентичноста на доказните фотографии и објективноста на фоторепортажите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во дворот млада развиена селанка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Париз е познат по големата пасија кон кучињата, која е развиена, дури, како во приказните. Кучињата и мачките се заштитени со закон.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби, како што се изрази еден љубител на поезијата, сакото всушност ги прикрива неговите недоволно развиени крила кои во некој многу близок час ќе му помогнат да полета, и не само да ја следи, туку и да ја создава спомнатата подвижна вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Симболиката на Гринавеј исто така можеме да ја сметаме за развиена, не затоа што априори е „уметничка“ или затоа што „уживањето“ во неа следува по разрешувањето на нејзините загатки и алузии, туку затоа што произлегува од една постоечка културна традиција којашто авторот добро ја познава и затоа што органски е инкорпорирана во самата структура на неговите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зачудо, очите ѝ се насмевнаа, ни малку изненадени, додека ја сослушува мојата неповрзана приказна, па охрабрени, дрско ѝ велам дека снимката развиена во чудесната лабораторија на Мен Реј е само миговен отпечаток на мистеријата што, вон пролетта и зимата, постои отсекогаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Приоѓа до група борци пред кои мустаќлестиот коморџија Јован ги прикажува своите бескрајни смешки и му се обраќа на развиеното момче, широко во рамената и со долги раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Холандија е развиена индустриска земја. А потоа, и земја на лалињата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе