развикува (несв.)
Утредента мајка ми офка и развикува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Селаните, дознавајќи за мислењето на комисијата, се возбудија, излегоа на средсело, развикуваа, се лутеа на кметот и учителот што ги пречекуваа полковниците, што ги гостеа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јон зел паурче ракија и излегол на чардакот. Пие ракија и вика, развикува. Сите да чујат. Да ме гледаат. Нетокму човек, извртен наопаку.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така низ цевка го здогледувам и капетан Мирковиќ. Надгледува, развикува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оливера Срезоска особено на него се навраќаше, друг некој да направеше прекршок а таа нему му се развикуваше: - Зошто се нишаш кога одиш? или: - Не мавтај со рацете, оди мирно! или пак: - Што си ја кренал главата толку високо!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)