разделен (прид.)
На Балканот разделените народи во променливите и нестабилни граници, во малите држави нации, не можат да се ослободат од митот дека некогаш претставувале големи царства и дека треба да го повратат стариот сјај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Го знаев тоа и пред да те прашам - рече таа и продолжи да ги составува со иглата разделените делови на здолништето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И, којзнае кој ѓавол ќе им влезеше в глава, ќе се погледнеа како затвореници разделени со јаки железни шипки и со олкави солзи, ќе се изнаплачеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
2. Зборот ми е уморен од несоница
Поседи уште малку
уште неколку мига
Овде е сѐ толку будно
ни лудило да не ти недостига
поседи уште малку
времето барем во среќата спие
– јас никаде
Во тагата ми ѕирка преплашено дете
поседи уште малку
моќна е близината -
разделени како сонот од лагата
кажи ми што виде ноќеска...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Еден старомоден стаклен часовник, со бројчаник разделен на дванаесет часови, отчукуваше на полицата над каминот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Работите на водоводот пак, напредуваа. Присуствував заедно со инженерите кога се ставаше разделната цевка во резервоарот за двата крака што се делеа за двата дела на Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Остана така да го довардува горкиот разделен корен на семејството на родната почва крај големата вода...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тоа, впрочем, никогаш не било лесно во раскараниот и разделен Балкан со семожни граници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Разделено се пишува Одречната честичка не од формите на глаголот: не сака, не земам, не реков, не носеа, не дошол, не дошле, не би можел, не викај, не викајте, не знаејќи, не можејќи, не сакајќи. Но: нејќе, нема (в. т. 183), нејќејќи, немајќи. 189.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Старомодниот часовник, со бројчаник разделен на дванаесет часови, отчукуваше на плочата над каминот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Високата професионалност на дипломатските кадри беше последица не само на внатрешната и надворешната позиција на земјата туку и на нејзините ангажмани што ги имаше како еден од главните лидери во движењето на неврзаните земји, кое во блоковски разделениот свет имаше посебна и значајна улога.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Куќата ѝ е темна и мрачна; сѐ што гледа наоколу ѝ е црно; во нејзината глава се створија меѓи на нивјето; половината овци, говеда, двата вола, едната маска, една куќа, па дури и бакарот, и вршниците ги виде разделени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Световите во кои што живеат различните општества се разделени светови, а не истиот свет само излепен со различни налепници.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа, од времето на распадот на земјата и војната во Босна, многу појасно ги разликуваме менталитетите, јазиците, различните корени на овој балкански регион, кој е денес духовно разделен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како да беа потрошени нивните значења за разделеното Татково семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Делот за слеано, полуслеано и разделено пишување на зборовите е еден од најобемните прилози во овој Правопис, и кај него, главно, се дополнети примери кои се темелат врз претходно утврдени правила.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)