раздроби (св.)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Последните зраци што успеале да си најдат проѕирки низ големата крошна на брестот што стражари пред фабриката Мичурин, се имаа раздробено во безброј златни зрнца по нивните коси и алишта.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И навистина: тој читаше страница по страница, а ние патувавме: се стискавме за авионот кој не беше повеќе распарчен и раздробен и, слушајќи го, се вѕиравме во мислите да го видиме она што Васе го читаше.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Луди, безумни и неразумни времиња и во нив и луѓе кои од туѓата болка си направија широка и мека постела распослана врз тој тежок и ужасно болен, страшен и уништувачки удар што нѐ раздроби, откорна и разнебити...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Месечината е раздробена на илјадници малечки огледалца врз сребрените фаши што излегуваат од долната страна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Да се сетеле, сигурно би го раздробиле витражот на уште поситни парченца, до непостоење на боите, на ова останато живо око на некогашната катедрала, извор на далечната божја светлина...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше сигурен во тоа и само таа сигурност го задржа да не ја земе за цевката, таа своја долга пушка, и да не ја тресне од стеблото до себе така, за да ја раздроби на сите нејзини ситни делчиња, од кои беше составена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш, со иста продорност, `рзнувањето пак ги раздроби ѕидовите на таа перифериска куќа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Исто така, во овој период, Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на САД испратиле заеднички демарш до Белград и остро се заканиле дека доколку Кралството Југославија пристапи кон пактот, по победата, Југославија ќе биде раздробена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Зажуберка поток. Сонцето се спровре низ гранки и се раздроби во водата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Михали ни овозможи на нас двајцата, при едно враќање од Крушевње, во пченките, да го почувствуваме студенилото на пиштолот, а и пукотот што се раздроби низ високите дебели пченкини стебла нагроздени со тешки клипови активиран од нашите прсти.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)