разигран (прид.)

Увидуваш ли веќе која си и со каков дар те очекува разиграниот свет пред тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во палмите крај разиграно море мртвило се загнезди...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ја газеше разиграната мешаница од светлини и сенки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крцкаат сувите гранки под забите на разиграниот пламен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше тоа една чудесна игра и сѐ повеќе се доближуваше со неа она парче живот ѝ се радуваше на убавата ноќ, враќајќи ѝ ги на нејзината белина сите изгубени одблесоци, носејќи на местото на очајот една лесноумна весела разиграност, чиниш со некоја желба да помине со својот разигран заборав над крвавите траги.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега тие кози излегуваа како од под земи за да му се придружат на Чанга и на неговото разиграно стадо во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најслатка кукличка со разигран поглед, Ах, колку те сакам, да знаеш, само да знаеш.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Несфатливо брзо и полетно движење на зборовите како млади дивојарци разиграни по карпите и бавната, трома мисла која заостанува зад зборовите и се крие низ јазикот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го зема ластикот и со остатокот од хартиените топчиња го гаѓа својот пријател сликар, на што овој панично се буди и шокирано зее на насмеаниот и разигран Фјодор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Молскавичен отсјај, на златни искршени прачки пред залезот... се бркаат со разиграните бранови од немирните води... слични сме: во моите зеници искрат светулки, во пазувите на езерото пламени јазици нежен допир со сласт даруваат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Светлината од уличните канделабри, која продираше низ завесата во вид на сончеви зраци низ разиграните лисја на густа шума, играше со сенките на нашите тела на ѕидот што ги формираше светлината од столната ламба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Измина долг пат, гледајќи во таа разиграна баханалија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во огништето разигран пламен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веднаш на авторот му направија впечаток неговите оврлени костенлови-сиви очи, разиграни, како да беше со двојно поголем видокруг, со издолжено лице што кон брадата му се стеснуваше како на лисица и, очигледно, височок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во разигран поглед на младичот со сини очи, го открив она што одамна не сум го видела... ниту почувствувала тој еруптивен смок на емоции..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А кога ќе се разбудев, на прозорецот гледав само обични сенки од фикус разиграни од слабо ветре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе