разлава (несв.)
Во очите му пливале грутчиња засирена крв, румени раски од кои и солзите се крвави и од кои невидено се разлава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- За срам, - рече одвратен старшијата. - Нека пие, ама барем да не разлава, - се искажа пак кметот. Тој и самиот без починка пиеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)