разлутено (прил.)
Водата плусна по подот, а бабата скокна разлутено.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Планината притискала врз неа, а таа разлутено ја напаѓала планината и корнела карпи и дрвја и ги тркалала пред себе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од секаде да гргори, да ромони, мислиш разлутено улиште пчели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа диво и разлутено му се спушта по патот, а ние со Васета викаме и се дереме: - Уааа! Држете го крадецот! Уааа!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)