размине св.

размине (св.)

Ха, ха, ха, хи, хи, хи, и ни размина гладот, ни се одјаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во средината ходник широк колку двајца да се разминат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од луѓе не можеш да се разминеш. Како да се наоѓаш во некоја пчелина кошница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но чувствувам на Горачинов му дошла лутината до носот и не може да му размине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се почекаме и ќе се разминеме. Неми сме и ние и тие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш кога се разминаа во ходникот, таа му упати брз страничен поглед, кој како да проби право во него и за миг го исполни со црн ужас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ама ако не те сака смртта, што се вели, ќе ти направи место да се разминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко две сенки, нечујно се разминавме во магнетно поле од електрицитет, допирот не ми значи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ги наполнив зембилите со остатоците од храна, наполнив еден бинлак вода од Езерото и среќно се вратив кај вас, во куќата на баба ви. И така, деца мили, уште еднаш се разминавме со смртта...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бегаш од часовите по математика за да ми пријдеш – јас бегам од часовите по самоубиство за да не се разминеме.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сите можеа да бидат во тоа огледало, сите блиски со кои се размина засекогаш во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Има разни беснила, ми вели, а може вистина не можеле да се разминат, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Јон излегува, ги накренал ушите, не знам што му е. Мислам од сношти уште не му разминала лутината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речиси се беа разминале, без секаков знак на распознавање, кога се сврте и тргна по неа, не премногу ревносно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше вечери кога тие ќе стигнеа на местото на состанокот и мораа да се разминат без ниту еден знак, затоа што од зад аголот токму тогаш ќе се појавеше некоја патрола или некој хеликоптер ќе им забрчеше над главите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Довчерашните браќа станаа непријатели. Идеолошки се разминаа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разминавме тивко како странци. Егзактна апстрактност.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Иако почесто се среќаваа на скалите на зградата или во дворот, таа во почетокот не обрнуваше внимание на него, но со време, кога ќе се сретнеа, таа ќе го загледаше малку подолго, а и тој ќе ја загледаше малку подолго и тогаш автоматски се поздравуваа, како луѓе што им е непријатно молчешкум да се разминат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе