разнишува (несв.)
Се принамести разнишувајќи ги колковите, се наведна, се фати за двата долни краја на футата и ја затегна до под колена, па ја замазни.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И со смеењето ми го истргува лостот, што се вели, ми го разнишува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Извесно нарушување настапи на немузички план: петорката фати да ни се разнишува. Веќе по првото отсуствување поради оркестарот Љупчо ни замери.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Секој сомнеж во верата го разнишува балансот кој е потребен за да се оди по работ, а тогаш се паѓа во вечна пропаст.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Долго време во Европа победите на османските јаничари ќе ги разнишуваат темелите на европската тврдина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој страв, напати, го разнишува, уште повеќе, го разурнува просторот на мојата митопоетска концепција.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)