разоткривање (ср.)
Тие не му припаѓале на масовното движење, кое по силата на историските околности не може да остане долги години строго конспиративно и кое е подложено на разни провали и разоткривања.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Целта на хуморниот пристап на режисерот е во упорното и амбициозно укажување на случајностите и нужностите како разоткривања на алегоричните и иронични законитости на односите и светот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Никој никогаш не се спасил од разоткривање и никој никогаш не пропуштил да признае.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Би го спомнал германскиот уметник Ханс Хаке (добитник на наградата за национален павилјон на минатото Венециско биенале), кој го посветил својот опус на константно разоткривање на врската меѓу уметноста и капиталот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Каде е твојата граница при борбата за разоткривање на непознатите хоризонти?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Лажно его -Лажното его е изѕидано од сликите што го гледал, звуците што ги слушал од своето раѓање, до мигот на неговото разоткривање – продолжи старецот. – Растејќи, човек создава свое сопствено мислење за светото околу себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И целата историја на психоанализата се занимава со разоткривање на механизмите што го наведуваат поединецот кон патот на автодеструкција.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Бидејќи печатницата работела без знаење на властите, по нејзиното разоткривање од грчкиот владика во Струмица, нејзиното работење било забрането.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)