разузнавачки прид.

разузнавачки (прид.)

Имаше дури и гласови и дека татко ми е поврзан со странски разузнавачки служби, со три во исто време!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Организирањето и активноста на разузнавачката служба на САД пред Втората светска војна биле во надлежност на Стејт департментот и на оружените сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не сум разузнавачка служба...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како главен центар на европскиот континент служел Лондон, а бил формиран при крајот на 1941 година, со цел да се олесни соработката меѓу сојузничките разузнавачки служби и да послужи како база за преземање шпионски активности и операции во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тогаш и не знаев дека всушност шифрантот имаше разузнавачка функција во амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Истовремено, надворешната контрола беше зголемена, особено преку хармонизација на контролата, координација на разузнавачките активности и полициските сили.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Владата на САД и воените служби успеале да го убедат претседателот да им се забрани на ОСС и на некои други служби да учествуваат во декодирањето на најважните разузнавачки информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, кога неговите настојувања останале без некој повидлив резултат, пролетта 1941 година тој изнел предлог традиционалните разузнавачки оддели при Владата и при војската да се реорганизираат така што да одговорат на предизвиците на нацијата и да се напушти практиката претседателот да интервенира во нивните меѓусебни недоразбирања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговата активност подоцна била префрлена на Централната разузнавачка служба (ЦИА).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но по навестувањата за можноста од нова војна, кон крајот на триесеттите години стравот во Америка од фашизмот и од „комунистичката петта колона“ бил причина Франклин Делано Рузвелт да се заложи за поголема координација на разузнавачките оддели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие вршеле, покрај пљачкање и злосторства, и други задачи за генералите на бојното поле: прибирале разузнавачки информации, преземале прогонувачки мисии на жртвите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На оваа служба соработник ѝ била "Лондонската група" на британската разузнавачка служба СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
20 Сосема аргументирано може да се истакне дека настаните од 25 до 27 март биле дело на британската разузнавачка служба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа новонастаната ситуација, политичките стратези во Британската разузнавачка служба сфатиле дека тоа е погоден момент да испратат свои мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, промената на името во ОСС претставувало напуштање на „белата“ пропагандна мисија, но истовремено тоа претставувало и реализирање на желбата на Донован за име што ќе го покажува неговото чувство за „стратегиската“ важност на разузнавачката служба и на тајните операции во современата војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, харизматичниот Донован и неговата канцеларија, со буџет од десет милиона долари и со 600 службеници, биле причина за непријателство од страна на ФБИ, Г-2 и од други воени разузнавачки служби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За таа цел го одбрала Рибоокиот (името не му го узнав), член на разузнавачка служба во соседна земја кој имал врски со влијателни луѓе од мојата татковина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во однос на тоа каква била американската разузнавачка служба, американскиот дипломат Роберт Марфи, во годините пред војната, истакнал: „мора да се признае дека нашата разузнавачка служба во 1940 година беше примитивна и некорисна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Демонстрациите19 што уследиле како резултат на пристапувањето на Кралството Југославија биле организирани од страна на српските опозициски политички партии, кои соработувале со Британската разузнавачка служба СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)