раскрили (св.)
Тврдењево го потпирам врз основа на сликата што ја видов случајно во предновогодишниот сон, кога случајно од памучниот замок се раскрили брла снежна врата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се исправи над нив наеднаш голем и страшен и неговиот глас грубо го скина летот на нивните раскрилени мисли: - Картите ве молам!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ноќе и во лето, кога се домашните во полето, пенџерињата се поклопуваат со дрвени капаци но тие во мигов се раскрилени па низ замрзнатите џамови во одајата навлегува, зрачен, самракот: во меѓувреме надвор стивна виулицата, стегна сув студ и сега на небото и во воздухот се најавуваа јасник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја регулирав собната температура. Завесите ширум ги раскрилив, иако не трпам сонце.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Си сакал да држиш говор, да се раскрилиш над Маказар“, рече Коте, божем се чуди на умот на луѓето што мислат така.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овие три подотворени прозорци станаа мое интересирање во текот на животот, ама само еден се раскрили сосема.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога ќе се раскрили големата птица тишината почнува да си ја пее својата песна: откако ќе се раскусури со тишината кондорот го бара она што никој не го нашол.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)