расол (м.)
Хајдегер не ја разбираше баш оваа луда трка на зелките, не знаеше колку време сака зелената зелка да стане кисела зелка, расол и како што не беше сигурен дали новиот качкет му е тамам така и шепотејќи сам си се прашуваше дали навистина секое мисловно мислење е поезија и секоја поезија е мислење?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Имаше обичај за ручек да испие цела една порција расол.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Стрина Маловица се понамршти и кога виде манџи со расол, со јајца, па кога Доста ѝ рече оти и лимун ќе ѝ нацеди на супата, просто го искриви вратот на страна и се насмеа „подмустаќ“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мустаќот на триста метри му мирисаше на расол, му пожолте како стара туршија.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако може нешто да завлече, арно, ако не — барем бунгур и сол ќе сомеле, расолот ќе го преточи, пиперките. Сирењето, маста да ја види, да прецеди, преточи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше за време на ручек и некој ѓаволски се пошегува со тоа како татенцето го шмукаше расолот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Токо, ете, вака, кога грашок, кога леќичка, тиквичка, пиперчички, расолец — дури да си го заколиме гуцето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еј, слушај, имам и модри патлиџани, знаеш, врзани со керавис, а внатре расолче, па лукче, па магдоносче...
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Дури долу, на крајот на остарената Балканска улица станува совршено јасно дека тркалањето на зелките е чисто уметничко дело и дека не е баш случајно што тука долги времиња стои една џиновска каца со расол.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)