расони св.

расони (св.)

И тетин ми како да се подисправи и одеднаш да се расони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Стана да се расони и пак се доближи до прозорецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Каска Богдан на раце и на нозе колку што може и се буди сиот испотен; ѕирка пак низ прозорецот како што пред малку ѕиркаше но гледа сега сосем расонет.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Едно утро, само што станав, уште недоволно расонета, прво што видов во огледалото беше една грозна мозолка испакната на носот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи; излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат да ѝ ја буричкаат утробата на земјата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се расони, почувствува дека нешто ја чеша во главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брзо се расонив од тешкиот сон, без униформа и бос излегов пред караулата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од таа чудесна дремка ме расони часовникот- кукавица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А ако те пратам на прва линија! Расони се и слушај ја наредбата. Ме слушаш?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
О, боже, што да чинам, поарно и јас малку да се иставам дури да се расони, оти што се вели: сонит — манит, полош и од пијан (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога наполно го расони, го праша: „Што ти би тоа?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонот го влечел кон прекрасните длабочини на несуштествувањето. - Расони се, оче, сети се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Будалштини, си рече, кога се рассони. Му се измешале чуените нешта во врска со Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не сум Исус и, сепак, многу знам.“ „На врбова гранка?“ се расони едниот од нив; се гледаа зачудено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Први се расонија елените. Потоа играчките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Лут на себеси дека задремал најаден и напиен, што можеби го потсетуваше на татко му од кого сакаше да се разликува барем во по нешто, Живко се размрда не само расонет туку и отрезнет, па дури и си ги протри дланките од претстојното задоволство откако си ја избриша дремката од лицето: - Ако ја преспавме Битола, нема да го преспиеме Прилеп.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го расони сигналот откај домофонот. Го слушна гласот на Нина: „Ајде, слегувај!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Чувството на излажаност, не само во Борко, на кого му се имав целосно оддадено сѐ до тие денови во Долнец, дури и кога беше мртов, туку и во себе, во својата неспособност во годините да се расонам и да ја сфатам мојата имобилност, ме притискаше и ми ја одземаше онаа сигурност што мислев дека ја поседувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да се расониме и да се сетиме дека од дружинава избега Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ги собра колената, ги фати со рацете и расонет и возбуден ја дочека зората и времето за тргнување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе