расплет (м.)
Татко, сигурно, и во своите најпесимистички варијанти, не можел да си претпостави ваков заплет и расплет на балканските историски настани.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таму во опојниот мирис на занесот во расплетот на врбите, во цутот на црвениот јоргован, крај река без престан што тече, плач...солзата умира тркалајќи се...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од скоро, овој заплет поприма друг расплет.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Книгата силно возбудува. И расплетот, со својата симболичност, нè води кон размислата за големите психополитички проблеми на Источна Европа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка предлагаше предвремен расплет, небаре излегуваше од моделот на соцреалистичката драма.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Првата моја книга беше за мојот внатрешен свет, втората за мојот личен живот, неговите заплети и расплети во кои, за да ги минам, секогаш ми помагаше семејството. Како и љубовните драми.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Зошто, на пример
ловецот ја спасува Црвенкапа
и, како секоја споредна личност
неопходна само за расплет
си заминува?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Времињата беа тешки. Неизвесни. Пред расплет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше моќен кадија, многу остави, но и многу однесе за новиот живот во Цариград, во блискиот расплет што го наслутуваше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)