расповие (св.)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дедот поп спремен, со засукани ракави, го распови на масичката малото, ги зеде ножичките, го потстриже, го фати за главче и почна да го брчка во водата што ја донесе Гуца во ѓумот, читајќи си напамет: „Крешчаетсја раба божја . . .“ и се обрна на нунката: „Кажи нунко име“, и причека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)