располага несв.
располагање ср.

располага (несв.)

Можете да располагате со неограничени количини од неа, како што располагате и со количините воздух во вашиот свет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Самостојниот политички развиток на Македонија е неопходност, како нешто без кое ние не ќе располагаме со доста средства да се бориме со пропагандите за да ја зачуваме од нив нашата национална самобитност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но најважно од сѐ е тоа што тие располагаат со непресушна резерва на евтина работна рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ги критикува работите на Комитетот можеше само друг комитет што располага со сила.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но исто така Македонците сознаваат дека Србија е држава што располага со војска, дипломатија, еден народ и една интелигенција што ќе ги бранат српските интереси во Македонија со примерна преданост и краен фанатизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој располага со бесконечност хомонимии; - во поетскиот јазик – изразот е сѐ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но за жал бев свесен дека не располагам со многу податоци што бездруго ќе ја збогатеа таа вистинитост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше едното од најзначајните објаснувања со кои таа располагаше во врска со бесмртноста на братучедот Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гемиџиите располагале со околу 280 килограми динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ама што беше беше - вели жената со сета сериозност со која располага - на твојата несреќа ѝ се виде крајот, идниот пат и ако дојде до страдања тоа ќе му се случи на друго ајванче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Внимавај на временската композиција. Располагај со сопствен избор во приодот кон сопственото доживување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Располагаме само со некои брдски топчиња, колку да ти ги заглушат ушите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
О ти располагаш со бол во тебе се прекршува колективот и други показатели О во тебе се креваат револуции граѓански војни и љубов - збирна множина О во тебе паѓаат снегови снегови О во тебе тапани нерви и булки од секакво потекло О во тебе се Тие О во тебе отпадоци остатоци недостатоци вертикали и разновидни интимни чувства О ти си едно минато неопределено време О можеби си човек.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На тој начин , може да се рече, дека навистина располагав со доволно време за да ги средам до последен детаљ сите мои намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со него беше и кметот кој го пречека во селото и му даде некои документи со кои располагаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Постојат многу индиции, продолжив, дека неколку дена пред тажниот настан тие веќе се здобиваат со нужните насоки а во одделни случаи располагаат и со имињата на актуелните кандидати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и тој не располагаше целосно со својата слобода на изразување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе