расчувствува (св.)

Пак почнува со нежен глас за некакви мои татковски обѕири убедена дека ќе ме расчувствува со солзи, со притаено липање што божем ја подгрбавува. Бледа е. И скромна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пак почнува со нежен глас за некакви мои татковски обѕири убедена дека ќе ме расчувствува со солзи, со притаено липање што божем ја подргбавува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му заприлегаа на браќа и тој се расчувствува, не знаејќи ни сам од што, од нивната сонлива молчаливост или од студениот изгрев, чие раѓање дури и птиците заборавија да го поздрават.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети за нивниот разговор, првата вечер во барот, кога таа толку силно го расчувствува со својата исповед. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)