рационализира (св. и несв.)
Во ликовите на едно време. Мистиката на фотографиите, што во тие денови на детството оживуваа од атмосфера презаситена со чадот од цигарите и минатото што бликнало на семејните вечеринки, подоцна се обидував да ја рационализирам.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа се тие патријархални „компетенции” што ни порачуваат дека нив не ги интересира историскиот живот на народот кој се развива правно, економски, културно, кибернетички, кој ја рационализира својата природа и во една цивилна општествена форма ги испитува одредува причините и последиците на своето историско постоење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)