реализиран (прид.)

Народните идеали не може да бидат реализирани сите одеднаш, но нивното реализирање од треба да биде само резултат на општата и самопрегорна народна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога заради околностите таа идеја не била реализирана, Христов од сѐ срце и со моќта на своето перо работел на ширењето на идејата за создавање на македонска република во југословенската држава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас добро знам дека сме земја во транзиција, па, сепак, тешко ми паѓа што сѐ уште ни законот за пушење или паркирање не е целосно реализиран.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во романот Времето на козите, екстерминацијата реализирана од општинската хиерархија, ја претставува суровоста на власта наспроти невиноста на козите и нивните козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во земјата престојувале, една до две одбрани делегации, составени најчесто од солидарни партиски истомисленици во светот, од сталинистичките и маоистичките фракции на ултралевите комунистички партии во западните земји чиј фанатизам напати го откриваше реализиран „утопискиот рај” на комунизмот во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Станува јасно дека другите форми на уметноста ќе станат стварни, т.е. ќе творат стварност кога ќе се ослободат од својата емпирија и ќе ја достигнат во науката веќе реализираната теориска егзактност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Оваа поставка, стратешки важна за младиот Бретон, беше мошне сериозно реализирана.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како воопшто некој може да има авторска претензија на “nouveau roman” а да не завладеал со новата “логика на симболи” која стои во темелот на веќе реализираниот проект на европската литературна модерна. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 91
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)