реалност ж.
стварност ж.

реалност (ж.)

Носат... Да, тоа е реалност... Да, токму така!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Видливото, реалноста, има смисла да егзистира во феноменот на научниот контекст.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако се прифати на вид оти таа заедничка историска судбина, тие заеднички политички борби и самостојниот политички живот е судбина на едно исто словенско население и на еден и исти народ, тогаш ќе биде јасно оти тврдењето дека Македонија не составувала географска, етнографска и историска целина е засновано не врз реалноста туку на српските сметки за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекор напред, чекор назад, во реалноста бегство, така, во бунило, сѐ е лесно .
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Луѓето веруваат во нешта што не постоеле и кои немаат врска со реалноста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овој нов кич како шеќерен прелив ја покрива грозната воена реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вистина, таа дијалектика кај него е обвиена со мистицизам, но со отфрлањето негово и со нејзиното конкретизирање врз појавите од објективната реалност, се доаѓа до нејзиното вистинско и објективно важење во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Раскажувањето од гледна точка на нараторот, дете на интелектуалец, пријател на водачот на козарите, ја предочува реалноста на животот на оние кои постојано живееле како осумничени, за­што не ги споделувале идеите на новиот режим на власта...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Биди ми ден кога е ноќ за да сум среќна во него... биди ми сон кога сум будна за да ми бидеш реалност... биди ми збор кога животот ми тежи... допир за да те чувствувам мисла за да не заборавиш една случајност...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ова се засновува на замислата дека постои некаква реалност таму надвор, која треба да се претстави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За измамници, манипулатори, За нечовек беден, човек кој не е човек, кој чудовиште е, е реалност, Станува збор.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Но тие треба да ја гледаат во иднината реалноста, а не тоа што им се бендисува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Понекогаш му се чинеше дека ја загубил границата меѓу јавата и сонот. Што беше реалност?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само понекогаш ме измачува прашањето како да постапувам кога желбите ќе ја надраснат дарежливоста на реалноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа е реалноста на животот, партитурата се повторува како пејсаж осипан со оази на привидно блаженство во кое нема место за вистините на срцето, жед за вода во пустина и фатаморгана во која постојат само “вистински лаги”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сигурно има доволно реалност да се живее.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се трудам да се движам низ реалноста. Исклучок од ова правило се само соништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зато треба да се склопува со разум и одговорност, а не со некакви младешки чувства и соништа кои немат врска со реалноста.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе