редовен прид.

редовен (прид.)

После редовна употреба, ненадејните прекинувања можат да бидат опасни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И тоа што учел им дојде згодно на пријателите на Борко да го искористат и да можат да кажат Симон да биде чувар. Земаше редовна плата за тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Една вечер, со решителниот, силен глас, мајка ми побара од татко ми да ѝ дава редовна сума пари за правење чеиз на девојката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Митревски ја прифати прераспределбата и оттогаш тој е повторно во редовен работен однос во НУЦК.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На исток Тиквешијата — бетер. Повеќе беља од башибозуците отколку од редовната војска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега беше можно да го мери минувањето на времето, само да чувствуваше барем малку интерес да го прави тоа, зашто го хранеа во интервали кои изгледаа редовни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Костадиновска работеше на позицијата градежен техничар. Претпријатието во кое таа беше во редовен работен однос функционира во градежниот сектор и се занимава со извршување на градежно-занаетчиски работи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓу редовните гости на јахтата „Зора“ беше и украинскиот бизнисмен Виктор Каваленко кој веќе пет години успешно работеше со синџир од фирми во Гостивар, Струга и Охрид.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го остави крмнакот да јаде и си ја започна редовната вечерна работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На масата, покрај редовниот крстозбор и анаграмите, стоеше најновиот весник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со овој процес на намалување на членството пропорционално почна да се намалуваат и приходите од членарината, а со тоа и платите на вработените – односно нивната редовна исплата почна да станува проблем.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А тоа се две години редовен секс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Има еден пример (изнесен во книгата на Роже Перфит, Амбасадори), за еден стар дипломат, кој откако служел успешно во десетина значајни земји во светот и му минал нормираниот век на служење, не можејќи да се помири, без да служи и натаму на дипломатијата на својата земја, не престанувал да го опсипува министерот, министерството за надворешни работи, со своите анализи, предлози, стратегиски визии и што не, како да бил и натаму на својот редовен пост!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе