редукционизам (м.)
Нека видиме низ пример дали ваков еднонасочен редукционизам е возможен дури и во рамките на физиката.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ова нѐ наведува на поадекватен концепт за двонасочниот редукционизам каде двете науки, статистичката механика и термодинамиката на пример, се модифицираат во обидот за редукција за да доведат до нова наука која ги проширува нејзините прередуктивни компоненти и не може да биде сведена ниту на една од нив.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овде ризикуваме по малку избрзан „редукционистички” одговор, што секако би требало пошироко да го разгледаме и да ги сместиме тие три етапи во пропорции со трите етапи на она што би го нарекле либидинален концепт за субјектот во граѓанското општество на XX век: постои индивидуумот на „протестантската етика”, потоа хетерономниот „човек на организацијата” и најпосле денес надмоќниот „патолошки Нарцис”; меѓутоа, ако така наречениот „слом на протестантската етика” паѓа во триесеттите години, тогаш во текот на педесеттите години „човекот на организацијата” почнува да отстапува пред „патолошкиот Нарцис”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)