редум (прил.)
Во почетокот на нивната пропаганда Србите и не мислеа да ги прават Македонците Срби; тие сакаа просто да создадат во Македонија редум со бугарските и српски интереси, така што во времето на решавањето на македонското прашање да добијат колку што се може поголем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Редум со известијата за борбата меѓу четите и Турците, во новините се печатат и известија за турските ѕверства над мирни жители.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И така, редум пред мене, секоја нова приказна беше како сјајна и чудесно шарена, нова крцкава бонбона, која те предизвикува да ја пробаш за да ѝ го почувствуваш единствениот вкус, кој е секогаш толку различен, но и така сличен по некој состав и по мајсторлак познат само на создателот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Важен е фактот оти во македонското прашање се заинтересирани етнографски, редум со Бугарите и Грците, уште и Србите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А создавањето, редум со српскиот и бугарскиот, одделен македонски литературен јазик не е ли рамносилно со одделувањето на Македонците во одделна, ни српска ни бугарска, ами македонска словенска народност?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И таму запревме и Мирче се сврте и редум ги избаци децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
52. За да се поправат тие, Грците ќе треба да се откажат од својата „мегали идеја“ и да ѝ го признаат правото на постоење и на македонската народност редум со грчката во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не ја извади запалената цигара од уста и гледаше пред себе во блокот и во него, редум, сѐ додека не му ја разбранува лутата крв што се качуваше од нозе: ги напнуваше градите, го гушеше, удираше со глава и го ослепуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На каков начин тој ќе е учен од боговите роднини што му се редум сите да ги навјаса, на друмот благост да му постилаат!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сите редум се поздравуваа со Чанга, тоа одзеде од ноќта. Ние последни се поздравивме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откога се поздравија редум со мене, главните луѓе си влегоа во автомобилите и заминаа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Два или три дена големците зборуваа за големите победи и редум ги посетуваа бараките, а таму кој за колк се држи, кој за половина, кој на патерица се потпира, кој кашла та кашла, кој постела – рогозина не дава да се олади, кој учкур не врзува туку сал трча до кенефите...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Разни бадијалџии, редум со амали и ѓупци, и со секаков друг џган, се кикотеа одвај во неговиот врат, зашто не достасуваа да бидат високи како него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Берлин, Белград, Будимпешта, Букурешт, Берово, Бела Црква... Виена, Виница, Валандово...редум, скоро стотина градови, од првата до последната буква на азбуката.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Така редум, без нишан, тој ги брои купиштата земја и само тој знае да каже кој каде лежи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еве, тука нека застанат девојките од Косинец, таму девојките од Лабаница и така редум.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Мојот одред, одред ли е? - се жали. Рашири лева рака и редум, свиткувајќи прсти, брои: - Осум офтикосани... Петмина плукаат крв... Дванаесетмина со незаздравени рани.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)