резигнација ж.

резигнација (ж.)

Веќе го опфаќа тиха резигнација пред немилосрдната вистина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Извесно време дланката од десната рака ја имаше положено на книгата, потоа ја отвори и почна да чита: “А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа е особина на губитниците, коишто ги задушува недостигот на ентузијазам, ги доведува до резигнација.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Не”, си рече сама за себе во знак на резигнација, „не сум можела да го сонувам или да го замислам тоа.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одговара, под маската на ведра резигнација: „Ќе мине“, не слушајќи го огорчените протести на пријателката - повторно помислува дека е премногу наивна за своето еврејско потекло.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во мигови на резигнација ја читал книгата на англискиот историчар Едвард Гибон (1737- 1794) Историја на падот и пропаста на Римската империја (1776) во која се говорело и за трагедијата на гладијаторските борби во картагинските арени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
О, колку често во текот на краткиот престој во Албанија, во нејзиниот измачен релјеф од драконското спроведување на погрешно пресадените идеи во развојот на земјата, иднината, запаѓав во резигнација и безизлез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Без сомнение, во однос кон светската заедница српскиот PEN Центар се наоѓа во состојба на радикална резигнација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сликата на Пармиџанино секогаш одново го покажува точниот маниристички фенотип, иако поради својата „загадочност“ можела да дојде и од работилницата на Леонардо, тоа сепак е слика во која еден разблажен светоглед, доживеан во пренежната младост, се покажува во сета резигнација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој недостоинствен живот на резигнација таа го опишува во своите мемоари кои ги напиша на осумдесет години, во 1981-та.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но. Вербата во новиот ризничар на државната културна каса нѐ држи, така ли, да не испопаѓаме ко пепелни фигури ишмукани од вителот на резигнацијата што дупчи ли дупчи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дијагнозата во себе носеше вкус на резигнација и носталгија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)