репортажа ж.

репортажа (ж.)

Нејзините репортажи набргу беа препознатливи кај гледачите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Знаеш, јас сум една од оние која повеќе се експонира со гласот и квалитетот на срочените зборови во репортажата, а како изгледам јас тоа оставам да пресуди судот на моите блиски пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
6. Радио Лондон беше емитувал репортажа од капетан Еванс во која на КПГ ѝ забележува дека премногу го толерира македонското национално чувство, кое води кон отцепување на Егејска Македонија од Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прво се прашувате дали Бошко Смаќовски добил отказ од Радио Скопје, па уредниците решиле на сабјле да емитуваат репортажа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И додека ги прелистувам и ги препрочитувам, постојано ми се врти мислата во кој литературен вид да ги преточам: во роман, патопис, репортажа, мемоари?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пристигнувањето на првите сојузнички новинари и нивните извештаи и репортажи од самото место влијаеле да се надмине времето кога Југословенската влада во емиграција и нејзините пропагандни центри успевале меѓу сојузничката јавност да протурат информации за „борбата“ на Дража Михаиловиќ и за четниците, игнорирајќи ги силите на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа за мене е голем предизвик, ќе направам и добра репортажа, го чувствувам тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
РЕПОРТАЖИТЕ на Никола Кирков пополнуваат една голема празнина во нашето новинарство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ретко или речиси воопшто не се појавуваше на екранот, но затоа ушите на слушателите гледачи, речиси, веднаш ја препознаваа милозвучноста врзана за репортажата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве, уште не можам да седнам да напишам ни еден текст, а планирав цела серија репортажи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Госпожа Сенка, му е некому, на ум? Или кадифеното говедце како ејакулира во земјата, инспирирано од една те-ве репортажа за исчезнати племиња?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Поминаа неколку години од денот кога младиот волонтер за своите патеписни репортажи ги доби првите искрени пофалби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Највпечатливите репортажи ги направи со планинарите од планинарското друштво „Железничар“ при освојувањето на негазените височини.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој гулаш од документарни драми, репортажи, филмови, мини-серии, видеоспотови, трагикомедии, играј-и-погоди томболи и семожни нивни комбинации се меша во аисторичен фалсификат - семожен сатараш, што со сласт ќе го јаде само фиктивниот просечен гледач.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Од оваа експедиција - продолжи Ивона - сакам да направам квалитетна репортажа, на задоволство на гледачите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Седната на предното седиште, уште од Скопје почна да ја одработува својата попатна репортажа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Џим драги, Тука дознав за многу лаги но и вистини со што низ моите репортажи ќе се обидам да ја запознаам нашата американска јавност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Александар разбра во целост и донесе репортажа што го покажуваше среќниот живот во ветеранската населба, каде поранешните ветерани се собираат пред уредно искосените тревници на нивните куќи, за пријателски да разговараат и да евоцираат спомени од времето кога беа во активна служба на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
ЈАКОВ: Прочитав во списание репортажа за вашата семејна идила со колор фотографии.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе