рибарски прид.

рибарски (прид.)

Се плашеше повторно да не се најде во некоја рибарска торба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се наоѓав во една рибарска колиба, некои жени и мажи ми ја мачкаа раната со смрдливи масла, а едно момче на моја возраст, во рацете држеше два остри заба и ми ги покажуваше со смеење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Си направи потоа дедо Гога убава куќа со широки соби и балкон, купи за себе високи рибарски чизми, а за бабата шарена шамија и везени папучи, и си заживееја двајцата убаво и среќно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Многу рибарски лотки се насобрани крај кејот и брегот. Сите се закотвени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Патеката се извишуваше од брегот кон чемпресовата шумичка, оттаму, во заситениот мирис на четинарите, ги следиме светилките на рибарските кајчиња.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Јас секогаш скокам високо над водата, но никогаш не сум скокнала во рибарска торба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па така без многу да размислувам, обземен од рибарска страст, убаво ги наполнив градите со воздух и нурнав во водата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Платамон е рибарско и туристичко село. Брегот е ишаран со ресторани, хотелчиња и многу куќи, а плажата не изобличува со ситен морски песок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хемороидни педалари кои шишкаат со штипки на устите (ланецот да не им го фати јазикот), млакоракувачи кои ти ја фаќаат раката како да е сообраќајна казна, автобуси – кутии од кисело млеко полни со ситни, бели црви рибарски.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ставрос е стара касаба, со сите нејзини атрибути. Но, и со сите елементи на рибарски град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Задуман на чардакот Преспанецот одвреме-навреме ќе фрли рибарски мрежи и во нив наместе преспански крапови ќе фати троа носталгични препелкања од кои никој ниту видел ниту ќе види фајде.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
В ред, Пикасо е овде, долу крај брегот, само неколку километри одовде, во посета на своите пријатели од малото рибарско гратче.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Марин не се чудеше гледајќи во рибарските чунови, чии дозволи за рибарење сега, на тргнување кон езерото, ги прегледуваа луѓето на еминот, како што при враќање со исто таква усрдност ќе го прегледуваат и мерат донесениот улов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од рибарската задруга првин пребаруваа по брегот, но вашиот чун, никогаш не го пронајдоа...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И понатаму: некогаш мандри, рибарски кајчиња, мрежи, корморани...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зашто, според преданијата, Будим потекнува од една аласка, рибарска населба, односно од оваа тврдина, која пред многу векови ја издигнале некогашните рибари на Дунав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Трампал нешто за рибарската трска, но сѐ уште му се тука двата пиштола и пушката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А стариот рибар си долеваше уште вино, довршувајќи ја започнатата рибарска песна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе