рожба ж.

рожба (ж.)

Последната мајчина рожба виде бел ден со помош на старата Русинка, нашата прва сосетка која живееше со своите двајца синови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мене ми преостануваше да го создадам и провлечам моето семејство низ падот на малата империја Југославија, која беше и рожба на двете големи паднати империи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа нова рожба го најде татка ми во дотогаш најтешка положба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
В плоден лес камен рожба да е да зрее и црно нешто да го покрива и цут на гранки и нож по тоа да вишне на врв на ножот птица да починува без тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Гласот на рожбата и мекањето на козлето се слушаа едновремено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка останата сираче при раѓањето, но во првата рожба на својата маќеа ќе ја доживее загубената љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Две жени - две мајки... Од нивните очи зрачи и блика длабока размисла за судбината на рожбите и страв и исчекување и огромната и насушната желба чедата да се живи и здрави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никогаш браќата и сестра ми не можеа да ги заборават мајчините битки да ги одржи своите рожби кои, поради немање лекови, исчезнуваа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа, речиси на крајот од моќта да паѓа, влегуваше во неизвесна битка со моќта на телото и животот на новата рожба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Те одгледах и те вардех како прва рожба?!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Истоштена од семејните грижи, кревка, без некогашната енергија кога ги раѓаше другите деца и долго време ги доеше, некои и по една година, нејзините гради останаа речиси пресушени за последната рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мекањето на козлето стигна в куќи пред плачот на новата рожба на мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бидејќи мојот интерес не ја пречекорува границата на просторот во кој жителствуваат рожбите на духот, перцепцијата ќе ми биде ограничена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Честите умирачки на своите рожби, мајка ми ги надополнуваше со нови раѓања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Крај нас беше и нашето козле, нашата среќа, на вратата на животот на новата рожба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе