рокче (ср.)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Верував дека на ова момче ноќе му растат рокчиња од челото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Слепите го пофаќаа со рака за рокчето и му велеа: - Со рокче се може, синко, но без виделина не се може. Во мрак е најтешко да живееш...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но рокчето сѐ повеќе растело и уште повеќе се оцртувало под капата испупчувајќи ја, и уште повеќе паѓало в очи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа можеше да се види и од подалеку: ќе зачекори - ќе застане, пак чекор - пак вкочанетост, сѐ така, со бавност на човек што со рамните стапалки испитува не ли е пред него жив песок или гнездо на поскок со рокче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше и полни чинии со бадемов кафен ориз - пилав (еден од специјалитетите на Кети), мелено месо и ориз завиткани во листови од зелка, пржени домашни колбаси, многу зачинети, чорба, длабоки чинии со мешана зелена салата, потпечени пиперки со маслиново масло и разни други зачини, вклучувајќи ја и неизбежната туршија од пиперки, жолти и со форма на рокчиња, за кои Даниел ја предупреди Рози, ”Немој да си гризнала од оние. Ќе ти ја изгорат устата”.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Има голема глава, кусо дебело тело, има цик-цак шарка на грбот и мало рокче на устата. Таа може да се џирка и затоа се вика џиркалец...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Италијанецот го остави реброто исчистено и светнато, ги избриша долгите ишилени мустаќи како рокчиња и рече: - Целиот Балкан е овошка на пат, но постојано пушта корења да црпи сокови и од Европа и од Азија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А кога и тоа не ќе помогнеше, отец Иларион ќе му го земеше прстот и ќе му го ставеше на пламенот од свеќата и ќе му речеше: - Подобро ли ти е без прст, или да мислиш на рокчето...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Го подаде едното рокче, го помириса свежиот пролетен воздух, па кога се увери дека пролетта навистина дошла, ширум ја отвори вратата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Родителите го носеле по лекари и болници. Ќе му го оперирале рокчето, но по извесно време, пак почнувало да му се јавува, да му расте.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Полжавчињата на неговото месо пуштале рокчиња на чии врвови можело да се почувствува и најмалото движење на жената.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Рогле, чувствувајќи ги нивните погледи, плачеше. Стоеше како скаменет и липаше. Но повеќе капата не ја ставаше на глава за да го крие рокчето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Луѓето, не и ѓаволите. Допри му го малку челото. Можеби попчево не е без рокчиња.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А му влегол уште како дете: над челото му излегол израсток, како мало рокче.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На неговото лице, издупчено од голема сипаница, штрчеа мустаќи остри како рокчиња на млад бик.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сите, без исклучок, се однесуваа кон мене исто –мајка ми, татко ми Срчофилд, крпачот на чевли Стрико Шило, слаткарот Салеп Каја со ќерката Зула, пожарникарот Генерал Шмрк, моите другари Тантурак, Рокче, Помак и Тутуле, познати од некогашните прикажувања.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)