ружа (ж.)
Ајде да направиме летен театар од песокливи кули и сонливи дилижанси и бакнежи од шаторски преспивања Ајде да направиме летен театар со карневалски маски со скришни сказни со ружи и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Уште не е заборавен снегот а славеите веќе се натпреваруваат во дворот По ружите по џбунките по маслинката.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И се прашувам дали сѐ уште ги чуваш оние исушени ливчиња од ружи?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дното е поплочено со ружи Огромна сува река Тече неумоливо како раѓање.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Тогај Бог ги крена рацете од монахот Ефтимија и го проколна да биде поет и да биде окован само во немаштија и ружи.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Сѐ додека тој не дојде до неа и не ѝ го даде в раце букетот со прекрасните пупки од бели ружи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Воздухот се згуснува и врие од немајкаде клопчето од инсекти над ружите што лета здивува заканувајќи се.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Овој пат бакнежот за неа беше како пупка која на усните ѝ расцвета во ружа – во ливчињата на тој бакнеж таа ја сети свежината на капките роса и богатството на кадифеноцрвената боја.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
По брезата на нејзината снага по липата на нејзината лика по ружата на пубисот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Никогаш не сум го видела во портокалова маица или во син џемпер со ружа, не, не сум го видела ни на митинг, ни на телевизија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И по тие ружи, што ги надвишуваа тарабите, и од кои некоја секогаш цветаше, можеше да се распознае нивната куќа во секое доба на годината.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секоја вечер изгниена ружа, а врз нејзе врела и скржава машка солза.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Борхес прераскажува запис од Исток според кој во пустинитена Индија растеле црвени ружи и врз листенцата со златна боја било запишано: нема друг бог освен тебе...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Но во војната кога мажите ги одвеле на фронтовите, немало кој да ги обработува градините со ружи, па тие се оретчиле, а по војната тешко се обновувале.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ружата ги украсувала персиските дворци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Досегни го во ветрот досегни го во болот на корењето на убавите нешта пред да ти проговори со говорот на инсектите што го тркалаат над ружите својот облак.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Во Бугарија дошла од Кашмир каде што, според преданието, некоја индиска принцеза се капела во базен сиот опсипан со ружи...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)