саде (прил.)
4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Слободата овде е неостварен сон измеќари како во колибата на Том удри со камшик по ниските класи работата овде човекот го гнаси Та не сме саде ние, та не сме саде тука да фаќаме стресови и чиреви од мука стани утре порано за ситен минималец вени да ти попуштат за клет работодавец
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Саде темнина има во солената катедрала - ни зрнце бела сол, ни капка бело солило, во кое во селата или во рестораните надземи се засолува говедското, на пример.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Та не сме саде ние та не сме саде тука - ние сме по цел свет безбројни милиони, на трудот црн - народ!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
- Ја нема мајка Петра - саде таа имала Господова дарба да пронајде жарче во пепелта запретано и од него огон да разгори.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ѕвезда саде низ куќи и пред куќи да ги расне цвеќињата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во црквичето штама... саде откај левата - женска страна се прогласува стишено липање... жените ја тажат тагата на Мајка Богородица, ама и својата тага по умрените.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Нека си пеат и третите петли... Велипеток е - ден за молитва и молчење. Отповеќе работа не се работи. Ама саде за душа човечка.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ако е нужно, и англиски фудбал ќе се навежбам... грубо играат и овде, а теренот саде кал... дека се гради уште.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Саде добродушно ме турка како старо, раскантано фиќо низ четките во автопералницата за потем светнат да го свртам почесниот круг околу новиот сончев зрак.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Секаде саде мед и млеко. Свират виолини, мандолини.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Оф, саде добрина да ни е во домата... саде убавина со домаќинот мој, со синот, со снаата, со внуката Ѕвезда - Деница.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Саде капка по капка се наслушува - отпод карпата капе вековита бистрина... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Татко и мајка - ни збор ни приговор, ни залак леб, ни голтка вода - саде молчат загледани накај вратата. Две души каменосани.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Не е на арно! - Саде толку извика. Не се задржа ниту колку голтка вода да се напие.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кока-кол'та в жили ни се лее, Бел'та куќа саде ни белее, не сме ние Фиромци абдали: твојте мисли - наши идеали!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Му кажуваа дека е тука и Добра, сестрата на Пелагија, со малечката, мајката на Ангелина, Тина Гледачката, која сѐ уште е избегана малку... оти видела цела чета глувци како излегуваат од нивната бишка, а за Ангелина, велеа, не знаеме ништо, само се надеваа дека и таа ќе приправи, што ќе прави ваму сама, телото се исушува како слива и после оти саде коска ја фрлаат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Откај Голем Град - ниту кајче, ниту човечки глас - саде крик на некоја птица.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кап - кап - кап - саде капка по капка капе во коритцето - бигорно... и тенка шурка тече удолу... нема сила што да ја запре водата - кајшто течела ќе си го длаби патот - ќе тече... Бигорна тишина...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)