саламура (ж.)
Каци саламура накладовме и толку ни се домачи и се поиздрискавме што цели каци испонафрлавме в река.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Емин-бег потоа ги продаваше рибите на трговците што доаѓаа од цела Румелија, а тие ги разнесуваа по разни вилаети наредени во мали буриња, првин отстојани во сол, па ставени во саламура.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И го заменил коњот за бочва вино и каца саламура.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)