самозадоволно (прил.)
ХЕРЦОГ: На здравје. Секогаш кога вака самозадоволно наздравувам чекам некој да ми пријде од зад грб и да ми ја скрши тиквата со топузина.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Покрај сјајните излози во кои самозадоволно се огледува нормалноста. Чудаци, почекајте ме!
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Наместо тоа, тие ја изразуваа нашата колективна состојба на политичка угнетеност и отпор, нашата колективна виктимизираност од една епидемија и од општество што самозадоволно си гледало како тоа се случува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој си замислуваше како го полнат нејзиниот град илјадници од оние млади распашани луѓе, што самозадоволно се покажуваат, убави и дрски, и дека некој ќе ја придобие неа, неопитната, ќе ја упропасти нејзината младост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кметот се истегна самозадоволно:
- Немаше повисок од мене.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од друга страна, сосема безгрижно и самозадоволно ме заталкува во некое тродимензионално расположение.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Раното ги испегла и чист самозадоволно тргна кон училиштето.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Веројатно немате одговор! - самозадоволно заклучи тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)