сапуница ж.

сапуница (ж.)

Мрдајќи со задникот и нејзините вештачки силиконски усни успеа да ја шармира простата раја која се навлече на неа као на турска сапуница.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас можам да се одлепам од подов и да полетам како меурче од сапуница ако сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но како во турска сапуница настаните се одвиваа со забрзана динамика.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во дрезгите го најдовме и песот што збесна ланската есен и што растрчуваше низ полето со бела пена, ко сапуница на муцката. Коските веќе му беа побелени од снегот и од дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А глувците само се дујат и растат, се креваат ко гнасна сапуница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пустите празници што ги пречекувавме со поглед, испилен од сапуницата в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трпе мораше да седи во спалната за да ја следи лигата на шампионите додека Ратка не се тргаше од турските сапуници притоа правејќи кратер на троседот со нејзиниот корпулентен задник.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И затоа, решивме, по секоја цена да не признаваме дека нашиот свет е фиктивен и дека е меур од сапуница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако е така, тогаш мојата сонувана одмазда да станам фантома и да праќам писма ќе прсне како клубурче од сапуница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бевме во добата на невиноста. Неговата и мојата невиност се допираа како два меура од сапуница кои, наместо да се пукнат при допирот, се соединуваат во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уметноста не може да се продаде во земја каде владеат сапуници и кич па затоа поарно садете патлиџани, чувајте свинче и продаајте чварки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислеше на езерото, на капењето без сапуница, а најмногу мислеше на тоа дека ќе прави сѐ што ќе посака.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А замислете: тој седи во белата када полна со сапуница како разгален принц среде море сладолед и ги пее овие чудни звуци.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И неговите зборови за мир, неговата верба во цивилизациските придобивки на дијалогот и на разбирањето се распрснаа како меур од сапуница.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Тоа е омаловажување на братскиот бугарски народ, црка Панделеев, сапуница му се полни устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ти потоа влегуваш во таа миризлива бела, или сина, ини црвена сапуница, зависи, по ќеф, каква ќе си избереш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Убеден си дека се непрегледни, а штом надојде ноќта: небото налегнува, ги обгрнува, ги запленува - и почвата, и водите – во внатрешноста на огромниот балон од ѕвездена сапуница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе