сведочи (несв.)
Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Чанга држеше значаен говор. Сведочеше за времето на козите од почетоците до денес. Беше добро подготвен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таквите примери сведочат за преобразбата на стварноста во една виша вистинитост, и ја оправдуваат демијуршката улога на поетот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Расфрланиот песок, мешалката за бетон и друг градежен материјал, сведочеа за градбата на куќата која однадвор сѐ уште не беше завршена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да сведочи за трауматските епизоди на лузерската индивидуа, за игнорантските стампеда на масите, за виртуалните триумфи на тираните, за голготата на хуманистите или луцидноста на мудреците?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Само за нокте едно помести го средето на светот, и тоа веќе не е среде, и писмото тајно се брише, не се виѓава. Сѐ што гледаме сведочи за невидливото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога те слушам, мој пријателе Камилски, размислувам дека баклавата може да се смета за еден од ретките симболи што сведочи за подемот и падот на Османската империја! Не разбирам како?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Премногу наслади и мори едноподруго
во ова житие за кое одбивам да сведочам
значи - да признаам дека завршило.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Апстиненцијата, дури и кога оргазмот е можен, исто така може да сведочи за патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Авторот со ова дело ја збогатува варијантата на балканската легенда за жртвувањето, овој пат сведочејќи за жртвуваните кози во утробата на планината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас се одвлечкав полека во училната, се потпрев со рацете на колена и тажно ги гледав големите чевли на моите нозе, што влегоа во мојот живот како некои живи суштества, сведочејќи ми за студената пресметливост на светот што ќе го газам со нив.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Оваа централна идеја во книгата, претставена во голема драматика која сведочи дури за степенот на загрозувањето на животот и слободата на нараторот, повторувам, ова силно минување низ пеколот на духот е силно предадено во романот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се обидував во отсутниот дијалог со Татко над ракописот на неговата Историја на Балканот низ падовите на империите, да сведочам за потрагата која ќе ја наполнеше неговата тишина, празнините во ракописот. Потрага која не престанува.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако уводничарот имал намера читателите да ја сфатат хумористичната поента на карикатурата, тогаш сигурно очекувал без никаков проблем да ги забележат и многуте алузии на машкото геј- културно градиво на кое пред малку се осврнав.
Ова само по себе сведочи за појавата што цело време ја викам геј- иницијација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Среде албумот, притиснат меѓу две страници, имаше некогашен разнобоен цвет, обезличен од времето кој сведочеше за среќните мигови во нивната љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
г).
Црна,
студена и бистра
како твојот поглед
сведочи дека
законитостите на дијалектиката
се очевидни
или
сакам да кажам
твоите очи
ги објаснуваат
моите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)