сведува (несв.)
Се згрозуваше од оние интелектуалци кои општата култура ја сведуваа само на својата професионалност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се сведува ли сета стварност на човека во обична илузија? Не се ништи ли вистината со невистина?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кафулето врз една тераса му се виде привлечно, но кога се приближи, виде дека е тоа полно со џагуриња и безделници кои не можат еден од друг да се чујат поради прегласната музика што се сведуваше на обична ропотеа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Самата библиотека ја сведуваше историјата на тишина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не можев да сфатам во што сум живеел, во каков кафез; не можев да сфатам дека таа лажна граница на космосот што ја поставаат системот, политиката, општеството, сведувајќи го целиот раскошен космос на три зони: секс, политика и економија, може до толку да ги затапи сетилата на човекот, та овој да престане да го гледа невидливото: подвигот, она зад онаа страна на нештата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Маалското дружење се сведува на случајни средби додека искачаш од дома, шишаш трава или чистиш снег.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Анализата што младиот доктор ја правеше во својата глава му сугерираше и се сведуваше на едно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој ја памети Струмица кога гратчето се сведуваше на општинската зграда во центарот и двокатното полуруинирано хотелче, со стрмни скали однадвор, со заедничка чешма со студена вода покрај нужникот со дрвена врата што тешко се затвораше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Голи, стимулирани со афродизијак, збунети од постојаното набљудување и спреченоста да се олабават со мастурбирање (ерекцијата во сон автоматски вклучува огромна електрична зујалица чии вибрации го исфрлаат субјектот од креветот точно во смрзната вода, со што случаите на водени сништа се сведуваат на минимум).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сум толку во тесно што чинам како божем да се сведувам на зрно кое секој час ќе се соземе самото во себеси.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Патолошката душевна состојба на која упатувале тие поими подразбирала истополова сексуална желба, но не се сведувала само на неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мрачните резултати се предвидливи. Како што растеше употребата на кибернетичката комуникација, политичката моќ се сведуваше на оние што ги контролираа воздушните бранови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Целокупниот отпор против овој народен непријател се сведуваше на две компоненти.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Не го тревожеше мајсторот што се победите во тој свет чиста илузија, зашто тој знаеше дека, ако се размисли добро, до тоа се сведуваат и многу работи што се чинат важни во животот и на кои им се посветуваат со сиот напор сериозни луѓе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мејл-артот е роден како спротивставување на здодевните уметнички училишта создадени од трговците, галеристите и критичарите, кои ја задушуваат уметноста, сведувајќи ги „уметничките трагања“ на прост економски ефект.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа се случува затоа што забораваме на Бога и се сведуваме на сурии, секоја за себе, заробени од колективното его кое во сите други сурии гледа непријател и сѐ повеќе и повеќе турската шега „нашето наше и вашето наше“ му станува животно кредо.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)