свежест (ж.)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
По целото тело му струеше чудесна свежест.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Годините не ја намалиле онаа убост; на лице свежест се гледа, младешката сочност не ја беше сменила грубост.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Турнирите се држат обично по летувалиштата или бањи, по убави места што изненадуваат со својата свежест и пријатност, како и со едно концентрисано животно обилие, на кое и младиот
шаховски избраник почнува некако внатрешно да полага право, иако допирот до него му го обезбедуваат туѓи средства.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)