светлорус (прид.)
Леон пак кај неа ги сакаше токму нејзината склоност кон фантазирања што толку недостасуваше во неговото семејство, светло-русата коса, правилниот мал нос, нејзиниот среден германски изглед. И нејзиното тело.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Млада и тенка, со бојосана светлоруса коса, речиси побелена од честите бојадисувања.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)