светлосин (прид.)
Климент Камилски ја замоли собарката да му го испегла сивкавосиниот костум и за прв пат ја стави својата светлосина вратоврска купена при претходниот престој во Париз.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кон небото полетаа ракети. Една, две, три, па се раширија во чудесни светлосини, жолти, црвеникави букети.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дури откако си го свикна погледот на неа, можеше да му погледне во лицето на денот надвор, што настапуваше, сиот црвен; тој ден се дотркалуваше како огромна црвена кугла, на која ѝ беше тесно дури и под вишното светлосино небо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)