сврти св.
свртиште ср.

сврти (св.)

Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегам од тоа што го видов, ми е страв и да се свртам, назад да се обѕрнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се свртам да видам кој вика и тогаш ќе се фатам дека јас сум викала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се свртам, никој нема, а јас сѐ нешто си кажувам, се карам со некого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одвај успеа да се сврти на колк.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сторив неколку чекори и се свртив надевајќи се прилично глупаво дека ќе успеам да откријам што видов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кметот пак се накашла и повторно се сврте кон офицерот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме фати и ме сврте.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа го виде неговиот мрак во огледалото, неговите сомневања, неговата непогрешливост; се сврте и му одговори на мракот во неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Џипот мина крај густежот и по неколку метри сврте на левата страна и влезе во еден широко отворен хангар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Курирот ја сврте светилката кон местото од каде допре гласот и го повтори светлосниот сигнал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ме свртеа кон ѕид и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Време ќе немаш пишман да бидеш Тој ќе се сврти како чекрк стар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- У секое време можам да им свртам, одма ќе се нацртаат тука за мене.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Објава повеќе драми се случуваат во мигот на обраќање зборовите ги одгледавте но срцето неприпитомливо интимно тера по свое граѓани час е кога мораме да погледнеме во мисловните спреги од нив зависи тежината на зборот климата на подрачјето на душата обновата на смислата младоста граѓани час е да се свртиме еден спроти друг со силата на љубовта во име на огнот допуштам да се размножува симболиката на Дрвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Веднаш сфатив дека таа го знаеше моментот на моето пристигање бидејќи во истиот момент додека влегував таа го крена погледот од масата и се сврти кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе