сеанса (ж.)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се случуваше во летните месеци прошетката да биде заменета со сеанса на пливање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Слушај, Љуба, бидејќи за да отпатуваме ни се потребни пари, јас не сакам денес да ги пропуштам сеансите, во два часот ќе дојде момчето, а потоа старицата, но, се разбира, на гостите треба да им се откаже, погрижи се за тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Прво, психотераписката сеанса е непозната ситуација за пациент со соматски симптоми.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се гледаме следниот петок - решително вели мојата Doris Day и ја завршува сеансата. И јас го прифаќам советот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Погодноста на контекстот се одразува во физичките состојби на учесниците на сеансата, вклучувајќи ја и активноста на автономниот нервен систем (потење, трема, тресење), положбата, брзината и длабочината на дишењето, состојбата на тонусот на мускулите и така натаму.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имале долгогодишен имотно-правен спор за поделба на нива па решиле наместо на суд да тркнат до кај Матновидецот 2 на една исцелителна сеанса.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Немам сомнеж дека оние што ќе дојдат на сеанса од кај мене ќе заминат со мисла дека не им е погодено.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)